Браќа Миладиновци

Наградата „Браќа Миладиновци“ е востановена во 1963 година како признание за најдобра поетска книга меѓу два фестивала. Наградата претставува најголемата национална награда за поетско творештво Република Македонија со која Струшки вечери на поезијата во изминатиот половина век ги наградуваше поетските дострели на македонските творци во секоја измината година.